БЕГОВ ДАБ

БЕГОВ ДАБ (с. Дулица) – археолошки локалитет на 17 км западно од Делчево и 0,3 км западно од вливот на Каменичка Река во Брегалница. И. Микулчиќ и А. Керамитчиев во 1968 г. овде откриле ранохристијанска базилика од Ⅵ в., а западно од неа и дел од некропола на редови. Гробовите се цисти од камени плочи, а накитот откриен во нив (наушници и обетки, ѓердани и прстени) се датира во Ⅹ и преминот во XI век. Постариот период се врзува за безимената доцноантичка населба Калата (с. Каменица), додека средновековниот можеби за Луковица. ЛИТ.: И. Микулчиќ –А. Керамитчиев, Неки нови облици раног словенског накита у Македонији, „Материјали”, IX, 1972, 161–171. Ел. М.