БЕГАЛКА ( Ленче Кумановче )

Сцена од претставата „Бегалка” („Ленче Кумановче”)

БЕГАЛКА” („Ленче Кумановче”) – драма на македонски јазик од Васил Иљоски, првпат изведена на 16. Ⅵ 1928 г. во Народното позориште во Скопје, а ја режирал Јосиф Срдановиќ. Веќе следната сезона била симната од репертоарот за повторно да биде прикажана на 16. Ⅻ 1936 г. По Втората светска војна, како „Бегалка”, е изведена во Народниот театар во Скопје на 13. Ⅰ 1947 г., во режија на Петре Прличко. На сцените на македонските професионални театри имала 25 премиери. Р. Ст.