БАШКИМИ ДИБРАИ – ДЕБАРСКО ЕДИНСТВО

„БАШКИМИ ДИБРАИ“ („ДЕБАРСКО ЕДИНСТВО“) (Дебар и Пишкопеја, 1941–1943) – малубројна албанска организација во Македонија, со приврзаници особено во дебарските села со албанско население. Еден од предводниците бил Дема Хусни. Дејствувала во поддршка на окупаторските власти во Македонија. Се расформирала по капитулацијата на Италија. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк.