БАТИНО, Рафаел Јосеф

БАТИНО, Рафаел Јосеф (псевд. Мишо Цветковиќ) (Битола, 1910 – Вучја Клека, Србија, Ⅶ 1942) – комунист, синдикален активист. Студирал во Мексико, каде што станал истакнат лидер на младината и член на КП на Мексико. Бил протеран и вратен во Битола (1934), каде што ги организирал штрајковите на Урсовите синдикати (1935), поради што бил осуден (1936). На робија во Сремска Митровица бил заедно со Моша Пијаде и станал „професор на Црвениот универзитет“. Таму почнал да подготвува речник и граматика на македонскиот јазик, го подготвил првиот превод на Марксовиот „Капитал“ на македонски. Избегал од затворот (1941) и стапил во Подринскиот партизански одред. Бил полит. секретар на Обласниот комитет за Санџак– под името Мишо Цветковиќ (1942). Бил заробен од четниците на планината Љубиши и стрелан. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990; Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993. Ј. Нам.