БАТЕРИИ – Пробиштип

„БАТЕРИИ” – ПробиШтип – фабрика за оловни акумулатори. Изградена за финализирање на оловото, чијашто руда се копа и се збогатува во рудникот „Злетово”– ПробиШтип, а како метал се произведува во Топилницата за олово и цинк во Велес. Градена според лиценца на „Варта” – Германија, Фабриката за акумулатори „Злетово” работи од 1976 г. Во 1983 г. е изграден вториот погон и е постигнат капацитет од еден ми-лион акумулатори годишно. Асортиман: стартерни акумулатори од 12 В, од 36 до 210 Ах, наменети за моторни возила, земјоделска и градежна механизација и друго. Најголем дел од производството се извезувал во земјите на некогашна Источна Европа, како и во други земји. Приватизацијата е завршена во 2001 г. и оттогаш фабриката работи под името „САП”. Св. Х. Ј – Б. Н.