БАТАНЏИЕВ, Христо Иванов

Христо Батанџиев

(Гуменџе, Ениџевардарско, 1865 – Егејско Море, 18. Ⅵ 1913) – еден од основопложниците на МРО, член на Централниот комитет. Се школувал во Гуменџе и во Солун. Учителствувал во Гуменџе, Кукуш и во Солун. Бил секретар на егзархиската Црковно-училишна општина во Солун. За револуционерното ослободително дело бил придобиен од Иван Хаџи Николов. Во неговиот стан бил одржан основачкиот состанок на МРО (23. Ⅹ / 4. XI 1893). Бил член на Централниот комитет и учесник на Солунскиот конгрес (1896). Од ЦК се повлекол во 1899 г. По Младотурската револуција (1908) се пројавил како активист во Сојузот на бугарските констини клубови. Во Втората балканска војна грчките војски го уапсиле во Солун. При интернирањето кон островот Трикери бил мачен и бил фрлен во морето. ЛИТ.: „Ил. ИлинденÝ“, бр. 9-10, София, 1932–1933. В. Ѓ.