БАМЈА

БАМЈА

(Хибисцус есцулентус Л.) – едногодишно растение од фам. Малвацеае. Се одгледува заради младите (4-5 дена) плодови, кои се консумираат зготвени. Позната е од пред 3.000 години во Египет и во Азија. Кај нас е застапена на многу мали површини. Една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да никнува на 15 С, оптимална е 25 С. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28 С. Исклучиво е светлољубива припадничка на долгиот ден. Д. Ј.