БАЛКАНЕЦ – боречки клуб од Штип

„БАЛКАНЕЦ” – боречки клуб од Штип, формиран како секција на ДТВ „Партизан” (1958) под водство на Ристо Таков. Сегашното име го добива подоцна (1961). Најуспешен е во поединечните првенства во борење слободен стил во Македонија и во Југославија (1962–1987). Петпати учествувал во Купот на европските шампиони, еднаш освоил трето (1972) и двапати второ место (1974 и 2000). По осамостојувањето на Македонија бил државен првак четирипати (1995, 1999, 2000 и 2001). Најуспешни поединци во Клубот биле борачите: Зоран шоров, Киро Ристов и Симеон шутев и тренерите: Ристо Таков, Томе Атанасов, Трајче Димков. Претседатели биле Александар Буриќ и Љупчо Самоников, а секретари Борче Зејтиников и Стојан Колев, познат и како меѓународен судија во борење. Ф. Ѓ.