БАЛАСЧЕВ, Георги Димитров

БАЛАСЧЕВ, Георги Димитров (псевд. Езерски) (Охрид, 10. Ⅳ 1869 – Софија, 6/7. Ⅹ 1936) – историчар, епиграф и археолог. Основно училиште завршил во Ох-рид, егзархиска гимназија во Солун, а потоа на Вишото училиште во Софија дипломирал историја (1897), специјализирал во Виена и во Цариград, а се усовршувал и во Париз, Рим и Атина. Бил гимназиски професор во Софија (1899– 1902, 1904–1908, 1924–1934), кустос на етнографската збирка во Народниот археолошки музеј (1902–1903) и во Народниот етнографски музеј (1919–1923) во Софија и инспектор во Министерството на народната просвета (1934–1936). Бил еден од иницијаторите за основање на Младата македонска книжовна дружина Брошура од Георги Баласчев (1936) (1891) и на сп. „Лоза“ во Софија (1892), обележан како сепаратист. Го уредувал научното сп. „Минало“ (1909–1919). Бил член на Македонскиот научен институт во Софија. Објавил околу 80 научни трудови од средновековната македонска и бугарска историја.
БИБ.: Нџколко кратки летописни бележки по сљстоџнието на западните Македонци за пљрвата 45-годишнина на настоџќиј век, Софиџ, 1890; Изданиџта, преписите и зна=ението на кодекса на Охридската архиепископиџ за нејната историџ, П.Сп, 55–56, Со-фиџ, 1897, 183–222; Климент, епископ словенски и службата му по стар словенски превод, С една =аст грљцки паралелен текст, Софиџ, 1898; Северна Македониџ, Истори=ески издирваниџ от Јордан Иванов, Софиџ, 1906; Финансовото положение на Охридската архиепископиџ и нејното униќожение, Софиџ, 1908; Кореспонденциџта между цариградскиџ патриарх и охридскиџ архиепископ од ⅩⅤ в., „Минало“, Но 1 и 2, Софиџ, 1909, 1–14 и 123–125; Братџ Миладинови и портретите им, Софиџ, 1912; Словенски надписи в ѓгозападна Бљлгариџ, „Минало“, Но 5–6 и 7–8, Софиџ, 1912, 3–46 и 191-210; Охрид, Софиџ, 1915; Најстарата дљржава на Балканскиџ полуостров през Ⅶ и Ⅷ век, Софиџ, 1924; Нау=ната дејност на проф. академик
Л. Милети=, Софиџ, 1934. ЛИТ.: П Глушков, Георги Балас=ев, „Минало“, Но 9–10, Софиџ, 1942, 81–96; Нау=ните трудове на Георги Балас=ев, „Минало“, Но 9–10, Софиџ, 1942, 11–15. С. Мл.