БАЛАБАНОВ, Коста Лазаров

Коста Балабанов

БАЛАБАНОВ, Коста Лазаров (Штип, 5. Ⅳ 1929) – историчар на уметноста, општественик, специјалист за средновековната уметност во Македонија, почесен генерален конзул на Јапонија во РМ. Основно образование и гимназија завршил во родниот град (1948). Првин се вработил во претпријатието „Автотранспорт и шпедиција”, а потоа како сценограф во Народниот театар во Штип. По преселувањето на семејството во Скопје, дипломирал на Филозофскиот факултет (Група Историја на уметноста со археологија) во Скопје (1950-1955), а докторирал на истиот факултет на тема „Иконописот и иконописните центри во Македонија од доаѓањето на Турците до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век“ (1965). Уште како студент во прва година работел на откривањето на археолошкиот локалитет во Демир Капија и се вработил во новоформираниот Централен/Републички завод за заштита на спомениците на културата во Скопје (ноември 1952). Бил на специјализација во Виена (Австрија) во центарот за конзервација Бундестдекмаламт. По враќањето (1956) започнал да работи на евидентирањето и документацијата на движните споменици на културата, посебно на иконите. Посетил над 1.340 населени места со над 1.700 цркви и манастири на територијата на Македонија и евидентирал и документирал над18.000 икони, со над 5.000 страници теренски белешки со цртежи и фотографии. Низа години го истражувал Виничкото Кале и виничките икони. Бил комесар на првата м еѓународна изложба на средновековните икони од Македонија во Париз (1965), во Токио и во Кјото (Јапонија, 1967). Бил гостин професор на Мертон колеџот на Универзитетот Оксфорд (1970) и држел предавања на повеќе други универзитети во Европа и во Јапонија. Една учебна година престојувал во БАН (Софија). Во ИНИ бил избран во звањето научен советник (1974). Работната кариера ја завршил како директор на Музеите на Македонија (1981 – 5. Ⅳ 1989). Тој е претседател на Македонско-јапонското друштво за пријателство и соработка (1990‡) и почесен генерален конзул на Јапонија во РМ (1974‡). Почнувајќи од 1953 г. објавил околи 85 научни и околу 120 стручни трудови. Напишал сценарија и текстови за 34 реализирани документарни филмови. Бил претседател на Друштвото на конзерваторите на Македонија и член на Комисијата за културни врски со странство.
БИБ.: Нови податоци за манастирот и манастирската црква „Св. Никола Топлички“, Скопје, 1956; Тхе Цултурал Монументс оф тхе Пеоплéс Републик оф Мацедониа, Скопје, 1961 (со коавтори); Ицôнес де Мацéдоине ду XI-е ау ⅩⅤⅠⅠ-е сиéцле, Скопје, 1965; Ицонс фром Мацедониа, Скопје, 1969; Спомениците на културата во Социјалистичка Република Македонија, Скопје, 1971 (со коавтори); Св. Пантелејмон-Нерези, Скопје, 1975; Фреске и иконе у Македонији (ИВ– ⅩⅤ век), Скопје, 1983; Медиевал Њалл Паинтингс оф Мацедониа, Скопје, 1988; Стара скопска чаршија, Скопје, 1994; Теракотните икони во Македонија, Скопје, 1995; Маке
донски фрески, Скопје, 1995; Иконите во Македонија, Скопје, 1995; Теракотните икони во Македонија, Скопје, 1995. ЛИТ.: Д-р Коста Балабанов, „Билтен“, Четиринаесетто изборно собрание. Предлози на кандидати за избор за редовни членови на МАНУ поднесени од високообразовни и научни установи, од научни и
уметнички здруженија и од три члена на Академијата, И том, прв дел, Скопје, февруари 2003, 319-350. С. Мл.