БАКУЛЕВСКИ, Никола – правник

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола,  27. XI 1928 – Скопје, 2002) – правник, општественик и државник. Основно училиште завршува во Битола, а гимназија во Скопје. Виша управна школа завршува во Земун, а дипломира на Правниот факултет во Белград. Се вработува во СВР Скопје, потоа во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи како помошник на правниот советник, а потоа станува судија во Републичкиот совет за прекршоци. Кратко време работи во РСВР во Скопје, а од 1956 до 1960 г. е потпретседател на Народниот одбор на Општината Битола, помошник-министер за индустрија во Скопје и советник во Управата на царината на ФНРЈ во Белград (1961–1963). Избран е за претседател на Собранието на Општината Битола (1963–196), па секретар на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1967–1972), секретар на Собранието на СРМ (1972–1975), републички општествен правобранител на самоуправувањето (од март 1975), член на Извршниот со-вет на СРМ и републички секретар за правосудство (1982–1986) и судија на Уставниот суд на Македонија (1986–1988), од каде што заминува во пензија. Бл. Р.