БАДИЕВ, Благој Симеонов

(Штип, 7. Ⅳ 1930) – хирург-уролог, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Бил директор на Клиниката за урологија (1987–1995). Учествувал во тимот што ги извршил првите трансплантации на бубрези од кадавер и жив донор. Објавил повеќе од 60 научностручни трудови. Се занимавал со лекување на урогенитална туберкулоза и тумори на мочниот меур.
Вовел имунотерапија кај суперфициелните тумори на мочниот меур. БИБ.: Тумори на мочниот меур, Куманово, 1992. Ал. Ставр.