БАДЕНТЕРОВА КОМИСИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ПОРАНЕШНА СФРЈ

БАДЕНТЕРОВА (АРБИТРАЖНА) КОМИСИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА – комисија составена од пет члена избрани меѓу претседателите на уставните судови на државите-членки на ЕУ на чело со Роберт Бадентер, врз основа на Декларацијата за Југославија (27. Ⅷ 1991) за да го дефинира престанокот на постоењето на СФРЈ, да го оцени степенот на задоволување на критериумите, кои се поставени со Декларацијата, за признавање на новите држави и да му предложи на Советот на министрите кои од нив треба да бидат меѓународно признати. Од Извештај на Бадентеровата комисија за поранешна Југославија (15. Ⅰ 1992) Рамковниот договор не гледа никаков проблем, бидејќи е во согласност со принципите на европската демократија и ги повикал пратениците во Собранието на РМ да гласаат за нацрт-амандманите на Уставот од 1991 г. затоа што „од тоа зависи зрелоста на македонската демократија”. Тој е предлагач на двојното гласање во Собранието на РМ за законите од интерес за малцинските заедници. Поради тоа, мнозинството гласови од пратениците на малцинските заедници се нарекува „Бадентерово мнозинство”.

10. Ⅰ 1992 до 13. Ⅷ 1993 г. Комисијата усвојува 15 мислења. Во Мислењето бр. 6 (11. Ⅰ 1992) Комисијата ја оценува РМ како држава што ги задоволува условите за признавање наведени во Декларацијата, откога, претходно (6 Ⅰ 1992), РМ поради притисокот од РГр ги усвои Амандман Ⅰ.и Амандман Ⅱ од Уставот на РМ од 1991 г. ЛИТ.: Татјана Петруšевска, Интернатионал Рецогнитион оф тхе Нењлѕ-Цреатед Статес ат тхе Тресхолд оф тхе ЏЏИст Сентурѕ, Балцан Форум, вол. И,
1/1995. Т. Петр.