БАБИЌ, Бошко

БАБИЌ, Бошко (Босанска Градишка, БиХ, 16. Ⅰ 1924 – Прилеп, 11. Ⅰ 1998) – археолог. Дипломирал историја на уметноста во Белград (1955), а докторирал на Универзитетот во Лублин, Полска (1980). Основач на Народниот музеј во Прилеп и негов директор (1955–1980). Основач и директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп (1980–1989). Организира повеќе ликовни колонии (пластика во дрво и мермер). Уредник на списанието за култура „Стремеж“. Претседател на САДЈ (1972–1976). Основач на МАНД (1970) и негов прв претседател. Воспоставува соработка со археолошки и со конзерваторски институции од Полска. Врши археолошки истражувања во Прилеп, Маркови Кули, Дебреште, Кале во Скопје, Скупи, Водоврати и на други локалитети. Ги про-учува материјалните остатоци на Старите Словени во Македонија.
БИБ.: Скопско Кале, „Културно наслед
ство“, Скопје, 1983, 55–64; Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп, 1986. Д. З.