БАБА ЃУРЃА – народно оро

БАБА ЃУРЃА” – македонско народно оро од Скопско, со мешан состав на играчите, држење за китките со слободно спуштени раце, со ритам 7/16 (2, 2, 3). Темпото е полетно, со брзи чекори на полустапалата, при што мажите играат со повремени потскокнувања и изразити балансирања на телото. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 91. Ѓ. М. Ѓ.