БАБАС

БАБАС ( Ⅵ в.) – византиско утврдување, се лоцира десетина километри североисточно од Прилеп. Го изградил или го обновил византискиот император Јустинијан Ⅰ.помеѓу 532 и 545 година. Утврдувањето требало да ги чува и да ги брани приодите кон Пелагонија преку Присадскиот Проод и преку Плетвар од нападите на Словените и на другите варварски племиња од север. ЛИТ.: Ј. Ковачевиќ, БабаВ, Зборник посветен на Бошко Бабиќ/Меланге Боско Бабиц, Прилеп, 1986. К. Аџ.