АЈДУТСТВО

АЈДУТСТВО (ⅩⅤ ⅩⅠⅩ ). – најдолготрајната и најмасовна оружена борба против османлиската власт до појавата на македонското националноослободително движење. Се појавило како отпор на феудалната експлоатација| националната и верската потчинетост и зулумите. Посебно се засилило од почетокот на ⅩⅤⅠ в. наваму. Познати се повеќе видови – од друмско разбојништво до оружен отпор на народот против општественото уредување и економската експлоатација. Ајдутите претставувале востаничко јадро на познатото Карпошово востание (в.). Ајдутските дружини броеле 20-30| а понекогаш и до 300 вооружени лица| на чело со арамбаша или војвода и помошник на арамбашата – бајрактар. Се собирале околу Ѓурѓовден| а се растурале околу Митровден. При дејствувањето| главно засолниште им биле горите| а зимувале кај своите јатаци во селата. Често засолниште им биле и манастирите| особено за лекување на болните и ранетите. Во нивните редови имало и жени| па дури и како водачи (Румена војвода| Сирма војвода и др.). Тие со ненадеен напад| од бусија| ги пресретнувале и ги ограбувале трговските карвани и собирачите на даноци| ги напаѓале феудалните поседи| особено чифлиците на спахиите| ги палеле имотите и ги ограбувале орудијата за производство и добитокот| ги растерувале чифлигарите и сл. Забележани биле и навлегувања на ајдутски дружини во градовите – во Битола (1646 и 1661)| Лерин| Охрид и Ресен| ограбувајќи ги трговските дуќани. Против нивното дејствување османлиските власти организирале потери| се одмаздувале на селаните што ги штителе и помагале со палење на нивните села| апсења| мачења и убиства| особено на нивните роднини| ги сечеле крајпатните шу-ми| граделе кули и тврдини со воена посада| назначувале дервенџии| мартолози и сл. Фатените ајдути жестоко ги казнувале| ги испраќале на долгогодишна или вечна робија| оковани на галии и сл. Но ајдутството продолжило и се развивало| па тие и го сочинувале јадрото на сите народни бунтови и востанија. Во народното творештво ајдутите се опеани како јунаци и борци за слобода. Со појавата на МРО како организирано ослободително движење| ајдутството го изгубило своето поранешно значење.
ИЗВ.: Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија| И-В. Избор и превод Александар Матковски| ИНИ|
Скопје| 1961| 1973| 1979 и 1980. ЛИТ.: Б. Цветкова| Хајдутството в
бљлгарскиоте земи през 15/18 век| т. 1|
Софиџ| 1971; Д-р Александар Стојановски| Дервенџиството во Македонија| ИНИ| Скопје| 1974; Д-р Александар Матковски| Отпорот во Македонија во времето на турското владеење| т. Ⅲ. Ајдутството| „Мисла”| Скопје| 1983. С. Мл.