АШКЕРЦ, Антон

АШКЕРЦ, Антон (1856 – 1912) – истакнат словенечки поет. Во своето богато литературно дело опфаќа мотиви и од борбата на јужнословенските народи. Објавил трудови од областа на поезијата, драмата, патописот. Преведуван е на македонски од Бистрица Миркуловска и Гане Тодоровски. Во јануари 1904 г. ја објавил песната „Македонскиот востаник” во сп. „Лјублјански звон”. Восхитен од Илинденското востание поетот опишува еден детаљ од македонската епика. Позната му е и песната „Надежда Гарева – македонска драма”. Г. Т.

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский