Ачкоска, Виолета

Се школувала во Охрид и во Скопје, завршила историја на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што магистрирала (1988) и докторирала (1993). Била стручен соработник во Марксистичкиот центар „Мито Хаџи Василев” (1978–1988), виш научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје (до 1998), доцент, вонреден и редовен професор на Филозофскиот факултет (од 1999) со специјалност Најнова историја на македонскиот народ, Методика на наставата по историја и Методологија на историската наука. Објавила над 60 трудови.
БИБ.: Задругарството и аграрната политика 1945–1955, Скопје, 1994; Братството и единството помеѓу хармонија и дисхармонија 1944–1974, Скопје, 2002; Предавствата и атентатите во македонската историја, Скопје 2004.
ИЗВ.: Билтен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, бр. 118, Скопје, 8 јануари, 2003. Д. Јов.