АХМЕТИ, Али

АХМЕТИ, Али (Али Ахмети)(с. Зајас, Кичевско, 4. Ⅰ 1959) – азилант, врховен командант на ОНА, лидер на ДУИ, пратеник. Личност со контроверзна улога на внатрешен и на меѓународен план. Лидер на Студентското движење во Косово (1981-1983); по политичкиот азил добиен од швајцарија (1986) координатор на косовските/албанските групи; лидер на студентско-рударските протести во „Трепча” во Косовска Митровица (1988–1989) против режимот на Милошевиќ и главен организатор на протестите на албанската дијаспора во Европа (1989–1990); командант во Ослободителната армија на Косово во Косовската војна (1999); врховен командант на ОНА (2001) која во јуни 2001 г. од САД официјално е прогласена за терористичка организација, а Ахмети ставен на црната листа на лицата со забранет влез во САД (подоцна и во швајцарија и во други европски држави); обвинет од правосудните органи на РМ за сторени воени злосторства во РМ во 2001 г., претседател на Демократската унија за интеграција (од 2002); пратеник во Собранието на РМ (2002–2006; 2006–). ЛИТ.: Јеан -Марц Баленцие, Арнауд де ла Гранге, Л’енцѕцлопедие дес ацтеурс, цонфлицтс, виоленцес политиљуес, Парис, 2001. Св. ш. и Т. Петр. Гафур Џабир Ахмети

Напишете коментар