АФИОН

АФИОН .(Папавер сомниферум Л.) – одгледуван неколку века пр. н.е. во Мала Азија. Во Македонија го пренеле Турците. Се одгледува за масло и како лековито растение. Масло се добива од семето, кое содржи 50-60%, а од чушките морфиум, кодин, нарацеин, тебеин, папаверин и др. За одгледување на опиумскиот афион е потребна посебна дозвола. Во Република Македонија е создадена сортата „Пионир”. П. Ив.