АТЛЕТСКА (ПЕШАЧКА) ТРКА

АТЛЕТСКА (ПЕШАЧКА) ТРКА. Во рамките на коњичката трка што била одржана во Скопје (1902) бил организиран и натпревар во трчање. Во него учествувале шест натпреварувачи. Прв на целта пристигнал Рахман Бекир од селото Бајовце (Косово) со време од 5,45 минути. Втор бил Мехмед Билал од Сјеница. Настанот претставувал прв модерен натпревар во атлетската дисциплина трчање на 1650 метри. Тој се одликува и со други карактеристики на модерното атлетско натпреварување, како што се старт, цел, судии и точно мерење на постигнатото време. Д. С.