АТИЦИ

(с. Црничани, Богданци)  – населба од доцниот неолит. Археолошки артефакти на површина од 500 х 200 м во парцелите 5 и 10 на „Винојуг“. Населбата лежи во долниот тек од обете страни на Кавакдере, кое од север се спушта во Црничанска Река. Истражувањата во 1988 г. го покажаа културниот слој од 1,80 м. Керамиката е со добра фактура и со мазнета површина, со сива или со кафеава боја (карактеристична за доцниот неолит). Од култната пластика се најдени минијатурни статуетки. ЛИТ.: Д. Здравковски, Археолошки истражувања на локалитетот „Атици“ во село Црничани, Гевгелиско, „МАА“, 10, Скопје, 1989, 79–87. Д. З.