АТАНАС БЛИЗНАКОВ – фондација


„АТАНАС БЛИЗНАКОВ” – фондација за стипендирање талентирани студенти на универзиттетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, основана според лично изразената желба на сонародникот Атанас Близнаков (Д’мбени, Костурско, 15. Ⅻ 1901 – Скопје, 10. Ⅶ 1998), којшто живеел и работел повеќе од 50 години во САД (Гери, Индијана). Одлуката за основање е донесена на седница на Универзитетскиот совет на 18. Ⅳ 1977. Фондацијата, според нејзиниот статут, ја раководи Управен одбор. Основната цел е стипендирањето на студенти на Универзитетот што покажуваат особени резултати во студиите, а немаат доволно средства за школување. До учебната 2002/2003 година од Фондацијата се доделени 252 стипендии на студенти од сите високошколски установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. ЛИТ.: Сл. Николовски – Катин, Атанас 

Близнаков, Скопје, 2000. К. Камб.