АСКЕТИЗАМ

АСКЕТИЗАМ (ст. гр. 5скхсиз) – начин на христијанско добродетелно живеење со примена на аскеза за остварување на христијански живот според Евангелието. Со молитва и со физичка работа, со цело ангажирање на сопственото битие, аскетот се возвишува, богоуподобува, се обожува и постигнува светост. Аскетизмот го развивале јудаизмот, многубоштвото, филозофите, особено стоиците, но најмногу христијанството со светите отци и црковни учители, почнувајќи од Ориген и Климент Александриски, египетските пустиници, до денешното Источно монаштво. Во Македонија аскетизмот опстојува од времето на македонските аскети, од монаштвото на св. Наум Охридски до сегашните монашки братства во македонските манастири. ЛИТ.: Полнѕј православнѕј богословскиј жнциклопеди=ескиј словарњ, Ⅰ и Ⅱ, репринтное издание, Москва, 1921. Рат. Гр.