АСЕНОВ-МЕЧКАТА, Крсто

Черкезот

(псевд. Черкезот) (Сливен, Бугарија, 1877 – с. Корнишор, Ениџевардарско, 8. IX 1903) – учител, војвода на Кукушкиот и Ениџевардарскиот револуционерен ре-он и солунски окружен војвода на ТМОРО; од бугарско потекло. Бил соработник на Г. Делчев и Ј. Сандански. Учествувал во грабнувањето на мисионерката Елена Стон (1901-1902). Несреќно загинал по предавство. ЛИТ.: Македонски возрожденци и револуционери, албум, Скопје, јуни, 1950, 38.
С. Мл.