АРХЕОЛОГИЈА ЈУГОСЛАВИКА

„АРХЕОЛОГИЈА ЈУГОСЛАВИКА (АРЦХАЕОЛОГИА ИУГОСЛАВИЦА)“. – списание на Археолошкото друштво на Југославија, односно на Сојузот на археолошките друштва на Југославија. Одлуката за неговото излегување била донесена во 1950 г. со цел археолозите од тогашна СФРЈ научно да се обединат заради заедничко решавање на проблемите во унапредувањето на истражувачката методологија и координација во синтетичкото објавување на постигнатите резултати. За поголема достапност до научната јавност во странство трудовите се печатени на англиски, француски, германски или руски јазик. Од првиот број (1954) до двобројот 22/23 (1986), АИ излегува во Бел-град, а со бројот 24 (отпечатен во Љубљана) престанува да излегува. Списанието е значајно и за македонската археологија бидејќи во него се објавени и соопштенија од истражувањата на помаркантните археолошки наоѓалишта во Македонија (Исар Марвинци, Лихнид, Хераклеја, Стоби и др.).
В. С.