АРТИЛЕРИСКА (БИТОЛСКА) БРИГАДА НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

АРТИЛЕРИСКА (БИТОЛСКА) БРИГАДА НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (Битола, 15. XI – Скопје, 16. Ⅻ 1944) – била формирана од дотогашната самостојна батерија на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ. При расформирањето боречкиот состав влегол во состав на Првата македонска артилериска бригада.
ИЗВ.: Архив на Ⅶ, Белград, к. 1364, рег. бр. 6-5/2. ЛИТ.: Македонија од устанка до слободе  1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987 Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944-1945, ИНИ, Скопје, 1999, 156-157. С. Мл.