АРСОВ, Љубомир Димитров

(Скопје, 1944) – професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, магистрирал на Технолошкиот факултет во Загреб (1972), а докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1980). Специјализации и студиски престои во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1968 г., а од 1989 г. е редовен професор. Подрачја: физичка хемија, структура и карактеризирање и органски соединенија со оптички и електрохемиски методи. Автор е на 2 учебника; научни трудови и проекти во земјата и во странство. ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот ,Св. Кирил и Методиј´” („Билтен УКИМ”), бр. 702, 30. Ⅲ 1998, 57; 40 години Технолошкометалуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ, Скопје, 2000 г., 65. Св. Х. Ј.