АРСЕНИЈ – монах од Велес.

АРСЕНИЈ (ⅩⅠⅠⅠ в.) – монах од Велес. На празникот на светиот отец Јоаким Осоговски дошол во неговата црква да се поклони на моштите на светецот и украл еден од малите прсти на светецот. Но не успеал да ја задржи за себе светата коска. Утредента, со помош на светецот, бил откриен и морал да го врати прстот. ЛИТ.: В. Антиќ, Локални хагиографи во Македонија, Скопје 1977, 35; К. Аџиевски, Велешката област во ⅩⅠⅠⅠ век, „Гласник на ИНИ”, 45, 2, Скопје, 2001. К. Аџ.