Арсениј Ⅲ Црноевиќ

Арсениј Ⅲ Црноевиќ

АРСЕНИЈ Ⅲ ЦРНОЕВИЌ (с. Баица, Црна Гора, 1633 – Крушедол, 1706) – патријарх пеќски, кога под јуриздикција на Патријаршијата се најдувале и епархиите во северниот дел од Македонија. По задушувањето на Карпошовото востание и поразот на австриските војски кај Качаник во почетокот на 1690 г. многу од населението од Северна Македонија, заедно со тоа од Косово и од Јужна Србија, предводени од патријархот, се иселиле на територијата на Австрија. ЛИТ.: Јов. Н. Томић, Десет година из историје српског народа и цркве под Турцима (1683–1693), Београд, 1902; Патријарх Арсеније Трети Чарнојевиќ и Велика сеоба Срба 1690. године, Зборник радова о триста годишњици Велике сеобе, Београд, 1997. М. Здр.