АРСЕНИЈ Ⅰ

АРСЕНИЈ Ⅰ (ХВИИ в.) – охридски архиепископ (1656–1659). На престолот на Охридската црква дошол по архиепископот Дионисиј, од 8. Ⅵ 1656 до 10. Ⅱ 1657, кога го заменил архиепископот Атанасиј ¶¶. Вторпат бил охридски архиепископ од 28. Ⅱ 1657 до 21. Ⅹ 1658 г., кога престолот му го одзел архиепископот Игнатиј. Третото архиепастирување било до јуни 1659 г., кога го заменил повторно Игнатиј. ЛИТ.: И. Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ-патриаршиџ, Ⅱ, Софиџ,1995; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник на Богословскиот факултет Св. Климент Охридски”, кн. 8, Скопје, 2002. Ал. Тр.