АРСЕНИЈ – игумен на манастирот

игумен на манастирот „Св. Јован Бигорски (Претеча)

АРСЕНИЈ (Лазарополе, ок. 1770-1775 – 27. Ⅵ 1839) – игумен на манастирот „Св. Јован Бигорски (Претеча)”. Ги проширил манастирските згради и вршел зографисување со зографите Михаил и син му Димитар (монашко име Данаил) од Самарина. На метохот во Рајчица ја изградил црквата „Св. Ѓорѓи”. Го составил манастирскиот поменик (1833). Ракописот на словенски и на грчки јазик веројатно е препишан од монахот Данаил. ЛИТ.: Д-р Коста Балабанов, Новооткриен портрет на игуменот на манастирот Св. Јован Бигорски Архимандритот Арсение од 1833 година – дело на зографот Арсениј, игумен на манастирот „Св. Јован Бигорски”
Данаил Мохах, Бигорски научно-културни собири 1974-1975, Скопје, 1976, 56–74.
М. Здр.