АРНАУТОВСКИ, Миле Климев

(Белград, 22. Ⅵ 1925) – генералпотполковник. Бил член на СКОЈ (1941) и раководител на Организацијата на СКОЈ во Охридската гимназија и во Резбарското училиште, член на КПМ (октомври 1943) и на МК на СКОЈ (октомври 1943); борец на Првата македонска НО бригада (јуни 1944) и секретар на Бригадиниот комитет на СКОЈ. Зел учество и во пробивот на Сремскиот фронт (април 1945). По Ослободувањето бил младински раководител во Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ (1945-1947). Студирал на Техничкиот факултет (Бродоградежен отсек) во Загреб (1948-1954), а по дипломирањето бил проектант и раководител на Бродоградежниот сектор во Морнаричко-техничкиот институт на ЈВМ (1954-1969), член на Командата на Скопската армиска област (1969-1976) и републички секретар за народна одбрана на Македонија (1976-1984), кога бил и пензиониран (1988). С. Мл.

Напишете коментар