АРМЕНСКИ, Славе Глигоров

(Берово, 4. Ⅱ 1950) – дипломиран машински инженер. Дипломирал на Електромашински факултет во Скопје (1974) (Оддел машински, насока енергетски машини), магистрирал (1980) на Машинскиот факултет во Белград, а докторирал (1987) на Машинскиот факултет во Скопје. Во 1984 г. престојувал во АСЕА-АТОМ во шведска, а во 1985 во ЕДФ во Франција. Во 1975 г. е избран за асистент, 1987 за доцент, 1992 за вонреден професор, а 1997 г. за редовен професор. Главен стручен интерес – термоенергетиката, обновливите извори на енергија, неконвенционалните ТЕП. Продекан на Машинскиот факултет (1989–1992), претседател на СЗТК на Република Македонија (1998– 2002), член на Комисијата за наставни прашања на Универзитетот. Има објавено повеќе од 120 научни и стручни трудови. Автор е на 3 основни учебници и две збирки. Сл. А.