АРИШ

АРИШ (род Лариџ Милл., фам. Пинацеае) – род со околу десет листопадни иглолисни вида, распространети во студените зони и региони на северната хемисфера. Високи дрвја (до 40 м), со тенки, неправилно распоредени гранки, врз кои се развиваат два типа леторасти (долгорасти и краткорасти). Игличките се нежни, светлозелени, 3–4 цм долги, спирално распоредени врз долгорастите, а врз краткорастите по 30–40 во снопчиња. Наесен пожолтуваат и опаѓаат. Машките цветови имаат жолти исправени реси, а женските пурпурно црвени шишарчиња. Соплодијата шишарки се долги до 4 цм. Во РМ пред половина век се внесени европскиот (Л. децидуа Милл.) и јапонскиот ариш (Л. лептолепис Горд.). Ал. Анд.