АРЗАВАЛ

АРЗАВАЛ (АРЗОВАЛ) .(тур. арсухал од арап.) – групна писмена молба, жалба или претставка во времето на османлиското владеење во Македонија. Бил пишуван и доставуван до надлежните османлиски власти и великодостојници (валија, везир или султан) во особени прилики на изразена народна потреба, во знак на поплака или протест. Има широк одраз во народното творештво, посебно во народните песни, секогаш со надеж дека ќе иницира интервенција на официјалните власти („Собрале се селаните, / тежок арзовал дадоа / на битолскиот валија”). ЛИТ.: Битола, бабам Битола. Народни песни во кои се споменува Битола. Собрал, предговор и речник напишал проф. Филип Каваев, Битола, 1959, 58. С. Мл.