АРГИРОВ ТРИОД

АРГИРОВ ТРИОД – македонски кирилски ракопис од ⅩⅠⅠⅠ в. Името го добил по Ст. Аргиров, поранешен сопственик на 56 листа од кодексот со вкупно 59 пергаментни листови. Се чува во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј” во Софија под бр. 933. Еден лист се наоѓа во ДАРМ, Скопје, инв. бр. 74/76, сигн. АМ-МФ-1. Јазичните особености упатуваат на Преспанскиот крај. Некои правописни особености, како и двата збора испишани со убаво глаголичко писмо на л. 2в, укажуваат на глаголичка предлошка. На л. 31в со црвено мастило се испишани нотни знаци (неуми). В. Д.