АНЧЕ (с. Крани)

АНЧЕ (с. Крани) – населба од хеленистичко време на брегот на Преспанското Езеро. Откриени се остатоци од темели на рибарски куќи, економски објекти, населбинска керамика и монети од Ⅱ в. пр.н.е.
ЛИТ.: В.Битракова Грозданова, Заштитни ископувања кај Крани-Преспа 1989, „МАА”, 11,Скопје, 1990, 127–133. В. Б.-Гр.