АНТОНОВ, Димитар Сотиров

(псевд. Михаил, М. А. Пирин) (Неврокоп, РБ, 1889 – Москва, 28. Ⅻ 1948) – македонски и советски револуционер, дипломат. Потекнува од македонско револуционерно семејство. По завршувањето на средното образование учителствувал во родниот крај. Заминува во Русија за дообразование и се дружи со членовите на Македонската колонија во Петроград. Учествува во Октомвриската револуција во заземањето на зимскиот царски дворец. Од 1924 до 1925 г. бил комесар на Црвената армија. По војната бил претседател на Меѓусојузничката комисија во Будимпешта, а потоа во Прага. ЛИТ.: Ѓорѓи Миљковиќ, Револуционерната дејност на Михаил Антонов и Антон Пешковски во Петроград во 1918 година, Прилози за Илинден, „„„, Скопје, 1983; П. Панайотов, Приносът на Българи за по

бедата на Октомвриската револÓция, София. О. Ив.