АНТОВА, Магдалена Јорданова

АНТОВА, Магдалена Јорданова

(Куманово, 20. Ⅵ 1920 – 14. Ⅹ 1941) – шивачка работничка, прва загината партизанка во НОАВМ. Како член на СКОЈ (1939), по фашистичката окупација на градот успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со бра-тот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на МК на КПЈ. Била борец на Карадачкиот НОПО (12-14. Ⅹ 1941), кој (по предавство) бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица и загинала заедно со повеќе свои соборци.
ИЗВ.: Жените од Македонија во НОВ 1941-1945, Зборник на документи, Скопје, 1976. ЛИТ.: Ив(анка) Мургашанска, Женски хор „Магдалена Антова” 1946-1978, Куманово, јуни 1979; Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1942 година, Материјали од научниот собир одржан на 12, 13 и 14 декември 1978, Куманово, декември 1979; Д-р Симо Младеновски, Магдалена Јорданова Антова, „Просвета”, ЏЏВ, 531-532, Скопје, 12, Ⅹ 1981, 8. С. Мл.