АНДРОНИК Ⅲ ПАЛЕОЛОГ

(1296/97 – 1341) – византиски император (1328–1341), што ја обновил византиската флота и спровел судски реформи. Ја основал институцијата „генерални судии на Ромеите” (1329) со задача да врши надзор над судството во целата држава. Ги присоединил кон Византија, Тесалија (1332) и Епир (1337), но во Македонија загубил повеќе утврдувања кои биле освоени од Србите. ЛИТ.: У. В. Босцх, Каисер Андроникос Ⅲ, Палаиологос, Амстердам, 1965. К. Аџ.