АНДРЕЕВА, Лилјана Николова

(Скопје, 6. Ⅲ 1946) – редовен професор (2006) на ПМФ, Институт за хемија. Додипломските студии ги завршила во Харков (Украина), магистрирала (1982) на Хемискиот факултет, а докторирала (1994) на ПМФ во Скопје. Изведувала настава од подрачјето на физичката хемија за студентите од РГФ во Штип, за студентите по хемија на ПМФ, како и на двопредметните студии биологија-хемија, како и настава по предметот Историја на хемијата (напишала Лилјана Андреева и учебник). Научната работа $ е предимно во врска со изучувањето на клатрати. Објавила 24 труда (18 во меѓународни списанија), а на научни собири учествувала со шеесетина соопштенија. Учествувала во 11 научноистражувачки проекти (5 меѓународни). Имала студиски престои во Упсала, Лондон и Истанбул. Била раководител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 243; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 229-230.
Б. ш.