АНДОНОВ, Никола Владимиров

(Скопје, 17. Ⅳ 1934) – анестезиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1959). Специјализирал анестезиологија и реанимација (Скопје, 1961–1965), се усовршувал во Обединетото Кралство (Бритисх Цоунцил – 1972), Белград и Загреб. Истражувал во полето на перфузијата при шокова состојба (1973), ендотрахеалната апликација на адреналин (1986) и автологна нормоволемична хемодилуција (1993–1996). Бил основач и прв директор на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Добитник е на повеќе признанија. Објавил 76 трудови и ја основал едицијата „Критични состојби во медицината”.
БИБ.: шок, срцево белодробно оживување, Скопје, 1994; Ургентна медицина – практични постапки, Скопје, 1999; Смрт и умирање, Скопје, 2001; Срцево белодробно оживување, Скопје, 2004; Акутна болка, Скопје, 2006. М. шољ.