АНДОНОВСКИ, Мирко

АНДОНОВСКИ (ВАЛАИЧАРСКИ), Мирко (Скопје, 25. Ⅲ 1950) – архитект, урбанист и сликар. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1972). Се вработува во „Мавровопроект“ (1976), а подоцна е и директор. Назначен е за потсекретар во Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на животната средина (1994), а потоа е на работа во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови (1998). Се занимава со урбанистичко и архитектонско проектирање. Учествувал на повеќе архитектонско-урбанистички конкурси на кои освојува врвни награди. Се занимава со карикатура и сликарство и имал две самостојни и повеќе групни изложби. Кр. Т.