АНГЕЛОВСКИ, Крсте Филипов

(с. Долно Дупени, Ресенско, 26. Ⅱ 1931) – педагог, истакнат општествен деец. По Учителската школа во Битола (1950) и студиите по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1956), магистрирал во Белград (1974), а докторирал во Скопје (1981). Бил директор на повеќе установи и професор по педагогија на Педагошката академија во Битола (1969–1973) и на Педагошката академија во Скопје (1973–1987). Бил пратеник во Просветно-културниот собор на Собранието на СФРЈ (1967–1974), главен уредник на југословенското списание „Педагогија” (Бел-град, 1984–1988). Објавил над 100 стручни и научни трудови. Најпознато дело: „Наставниците и иновациите” (1985), преведено и на руски (Москва, 1991). ЛИТ.: Крсте Ангеловски – живот и педагошко творештво,