АНАХОРЕТ

АНАХОРЕТ(И) (ст. гр. 3нацњрхт™з, = пустиник, испосник, осаменик) – вид на христијанско монаштво – пустиножителство, прво и според времето на појавувањето и според строгоста. Се појавило во Египет (ИВ в.), во Нитриската (Египетска) пустина. Во Македонија пустиножителството се појавило во XI-Ⅻ в. Христијанските анахорети се монаси, пустиножители што во православието развиле и практикувале специфична филозофија на животот. Во средновековната духовна традиција, меѓу првите пустиножители се вбројуваат св. Прохор Пчињски, св. Јоаким Осоговски и св. Гаврил Лесновски и други што се подвизувале пред Бога во оса
меност. ЛИТ.: Полниј православнѕј богословскиј жнциклопеди=ескиј словарњ, И–Ⅱ,
репринтное издание, Москва, 1921.

Рат. Гр. и В. Г.-П.