АНАСТАСОВ, Петар Костов

(Охрид, 3. Ⅶ 1910 – Битола, 1980) – спец. епидемиолог (1964), примариус од 1971 г. Дал голем придонес за ерадикација на маларијата. Медицина завршил во Белград (1937). Од 1944 г. до пензионирањето (1978) работел како епидемиолог во Хигиенско-епидемиолошката служба во Битола, како нејзин основач и началник. П. Б.