АНАСТАСИЈ (СПАСО) РАДОВИШКИ

Св. Анастасиј (Спасо) Радовишки

АНАСТАСИЈ (СПАСО) РАДОВИШКИ, Св. (Радовиш, 1774 – Солун, 11. IX 1794) – новомаченик, Македонец. На дваесет години родителите го испратиле во Солун да учи занает. Таму го присилувале да прими ислам, но откако не се откажал од својата вера, бил измачуван, ги поднел сите страдања и одејќи кон бесилката измачениот Анастасиј паднал и ја предал својата душа на Господа. ЛИТ.: Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип, 2006; Добрила Миловска и Јован Таковски, Македонска житијна литература IX-ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1996; Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997. Рат. Гр.