АНАЛ МУЗЕИ СЕРБИ МЕРИДИОНАЛ

„АНАЛ МУЗЕИ СЕРБИ МЕРИДИОНАЛ” („АНАЛЕС МУСЕИ СЕРБИЕ МЕРИДИОНАЛЕС”) (Скопје, 1939) – списание на Зоолошкото одделение при Музејот на Јужна Србија во Скопје (на германски јазик). Уредник бил д-р Станко Караман. Тоа е сепаратно научно списание од областа на геата и таксономијата, биогеографијата и екологијата на флората и фауната на Кралството Југославија, посебно од Вардарска Македонија. Првиот труд е на д-р Станко Караман „Üбер дие вербеитунг дер рептилиен ин Југославиен”. Објавени се само седум броја. К. Бог.